Македонија
26. March 2018 - 16:52

Од среда стартуваат преговорите на Заев со помалите партии за влез во Владата

Од среда почнуваат директните преговори меѓу СДСМ и други парламентарни партии за нивен влез во владејачкото мнозинство, бирифираат високи партиски извори од владејачката партија. Според нив разговорите ќе ги води директно Зоран Заев иако контакти на пониско ниво веќе имало и тоа пред се со двете крила на БЕСА. Разговори ќе има и со пратеници кои припаѓаат на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, велат изворите. Синоќа СДСМ одржа централен одбор на кој лидерот Заев јасно посочил дека ќе работи за добивање на нови пратеници во владејачката коалиција.

„Оваа недела започнувам разговори за зголемување на парламентарното мнозинство. Целта е, преку разговор со други политички субјекти да обезбедиме поширока поддршка на реформскиот процес и на реализација на Планот 3-6-9“, им рекол Заев на сопартијците.

Сепак, изворите од ЦО на СДСМ коментираат дека целта на зголемувањето на мнозинството е да се спречат предвремемни парламентарни избори кои би биле неопходни при ваков сооднос на силите во Собранието.

Прв на листата за средби би бил лидерот на еднотото крило на БЕСА – Африм Гаши кој се враќа од службен пат во среда. Неговата струја располага со тројца пратеници, а е близок и со ДПА која има уште 2 пратеници.  Од друга страна, ДУИ негодува за влез на втора поголема албанска партија. Партијата на Ахмети го испразни и министерството за правда. Се зборува дури и промена на ресори меѓу ДУИ и СДСМ, со тоа што социјалдемократите би ја добиле правда, а интегративците образование. Иако неофицијално се најавува, нема потврда за средба Заев – Ахмети. Ставовите на ДУИ околу ресорите и влез на нови албански партии во Владата ќе бидат тема на централното претседателство во  петок.

Од пролетното проветрување во своите редови, партиски избори посочуваат дека најмногу забелешки за својата работа добивал министерот за култура Алаѓозовски и четворица други директори.

Освен Владините смени, зголемувањето на владината коалиција доведе до промени и внатре во партиската струка на СДСМ. Од синоќа, осовен пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов,  нови членови на централниот одбор се пратеникот Чедомир Саздовски кој по Нова година дејствуваше како независен пратеник о поранешниот претседател на ЛДП Андреј Жерновски.

На влезот на Саздовски и Жерновски во СДСМ имаше и низа реакции јна членови на СДСМ на социјалните мрежи. Поранешната пратеничка на СДСМ Бендевска ја оспорува целата процедура на нивното именување.

Поранешениот претседавач на советот на оппштина Центар Мирослав Шиповиќ напиша:

„Баш ме интересира со што Жерновски го задужи СДСМ? Што Жерновски направи за членовите на СДСМ-Центар. Вработување 5 ЛДП од кои 2 на раководни функции, 7 СДСМ сите курири“

Коментар на Фејсбук објави  и Ивор Мицковски. „Стално мора да има еден каратист у власта. После Амди и Еленовски, и Жерновски и Саздовски се качија на караванот. Луѓе без вертикала, и тие што влагаат и тие што примаат вакви“, напиша Мицковски.