Од скопјанки крадел ланчиња од врат, уапсен дрзок крадец

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.Ј. (37) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во март и мај 2018 година извршил две кривични дела ,,тешка кражба на дрзок начин“, казниво по член 236 став 1/3 од Кривичниот законик на Република Македонија, и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 65.000 денари.
На 9. март годинава околу 16.30 часот, движејќи со по бул. „ВМРО“, пријавениот се доближил од позади до оштетената и со употреба на сила и го скинал златното ланче од вратот, по што побегнал во непознат правец. Подоцна, одземеното златно ланче го продал во населба Шуто Оризари.
Кривичното дело го повторил и на 7. овој месец. Околу 11.45 часот на ул. „Кирил и Методиј‘‘, на ист начин одзел златно ланче од друга оштетена, по што побегнал.
Ново на Сител
-

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка
-

Евроамбасадорот Рокас во посета на Собранието
-

Сончево и топло
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
-

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
