Свет
7. September 2020 - 8:37

Од пожар во Националната шума „Сиера“во Калифорнија спасени над 200 лица

 Американските спасувачи со воени хеликоптери извлекле 207 лица кои останале заробени во камп во Националната шума „Сиера“, во Калифорнија, каде од петокот беснее шумски пожар.

Американските медиуми ја цитираат калифорниската Канцеларија за итни служби која соопшти дека воените хеликоптери „Црн јастреб“ и „Чинук“ учествувале во акцијата за спасување, што почна во саботата вечерта.

Најмалку две лица се тешко повредени, а 10-тина имаат полесни повреди.

-Шумскиот пожар, што беснее во близина на езерото Шејвер, избувна во петокот, а до саботата попладне зафати површина од 145 квадратни километри и го загрози единствениот пат што води кон логорот Мамут, изјави портпаролот на националните шуми, Ден Тјун.

Загрозени се најмалку 2.000 објекти во област на околу 467 километри северно од Лос Анџелес.

Езерото Шејвер, на 56 километри од градот Фресно, е опкружено со густа шума и е популарна дестинација за пловење и риболов.