Свет
21. September 2019 - 10:28

Од поплавите во Тексас спасени 60 луѓе

Спасувачи со чамци спасиле околу 60 луѓе од околината на Хјустон кои поради поплавите биле заробени во своите домови после тропската бура која го погоди тој дел ан САД.

Најмалку четири лица загинаа во тропската бура Имелда која поплави делови од Тексас и Луизијана.

По повлекувањето на водата властите почнаа да прават проценка колку куќи и автомобили се поплавени.