Македонија
24. November 2020 - 16:39

Од понеделник први пациенти во „Мала Богородица“

Тим на лекари од скопските клиники ќе одлучуваат кој ќе биде лекуван во новиот ковид центар во Мала Богородица а со болницата ќе управува Министерството за здравство. Аџибадем Систина во чија сопственост е објектот, заедно со Клиника Жан Митрев треба целосно да го опремат и да обезбедат 5 доктори, 30 медицински сестри и 34 останат помошен и технички персонал. Согласно договорот со здравствените власти, нивна обрвска е и заштитната опрема за медицинскиот персонал, лабораторија, кислородна поддршка, опрема, реконструкција и три оброци за болните. Ако деновиве завршат административните процедури за дозволите од почетокот на наредната недела можат да почнат со работа. Фондот ќе им плаќа 6000 дневно за пациент.

- Координативно тело ќе одлучува кој ќе се лекува. Ќе примаме пациенти со полесна и средна клиничка слика, оние тешките случаи ќе бидат препраќани во ГОБ 8ми септември и Инфективна клиника, изјави др. Партисија Каламарас инфектолог од Аџибадем Систина.

Во новиот ковид центар има простор за лекување на 100 пациенти. Доктор Каламарас вели дека научно се уште не е докажано зошто дел од заразените поминуваат без симптоми а кај други Ковид 19 предизвикува тешки комликации. Но важен фактор во овој дел е и генетиката.

-Не е познато ова се уште, се уште е во фаза на испитување од светската научна јавност, најверојатно ќе се потврди дека и генетиката има големо влијание. Има пациенти здрави, навидум без коморбидитети кои може и и незнаат дека имаат автоимуни заболувањакои не се манифестирале досега, но секако, голем удел има и генетиката, вели др. Касламарас.

И додека се чека на новиот ковид центар во мала Богородица, во моментот поради компликации од вирусот во државните болници има 1290 пациенти,  476 од нив се во инфективните одделенија во главниот град.