Македонија
25. July 2020 - 16:42

Од понеделник ќе се крои план за отворање на училиштата

Дали децата во септември ќе се вратат во училишните клупи и на кој начин ќе се реализира наставата? Од понеделник Комисијата за заразни болести и министерството за образование ќе бараат соодветен модел според кој од една страна да биде заштитено здравјето, а од друга да нема прекин во едукацијата на најмладите. Од МОН велат дека работна група изготвила акциски план кој нуди неколку предлог модели.

-Изготвен е сеопфатен акциски план кој нуди неколку предлог модели на организирање на наставата ( настава по скратени наставни програми, скратена учебна година, редуцирање на бројот на ученици во училниците, работа во смени, настава преку далечинско учење и слично)

-и второ,  протоколи како и на кој начин да се заштитат учесниците доколку се одлучи наставата да се реализира со физичко присуство на учениците во училиштата (организирање и одржување хигиена на просторот во училиштето, препораки за однесување и лична хигиена на учениците и наставниците, држење дистанца и слично), велат од МОН и додаваат дека до крајот на август треба да се донесе конечната одлука и навремено ќе ја информирале јавноста, но се ќе зависи од епидемиолошката состојба со коронавуирусот тој период.

 Епидемиологот Александар Стојанов кој е и член на Комисијата за заразни болести вели дека ќе се земат искуствата од други земји и ќе се следат препораките од СЗО. Но, тој лично смета дека децата треба да се вратат на училиште.

-Дали имаме физички можности. Многу едноставно е во принцип. 50% ученици, од 30 на 15, а кај ќе ги ставиме другите. Сите посебно во клупи да седат. Имаме ли можност во 2 смени да ги ставиме кога школи работат и сега пред пандемијата по 3 смени. И акдарот е тој, може да се намалат и часовите. Ќе видиме што размислува и МОН околу таа работа, а дефинитивно треба да работат и градинки и училишта, децата не можат да останат неписмени. Преку компјутер не можат да научат да играат фудбал, изјави за Сител прим. д-р Александар Стојанов, епидемиолог, директор на ЦЈЗ Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

И во САД се погласно се размислува децата да се вратат на училиште. И покрај загриженоста на семејствата и наставниците од Белата куќа велат дека децата и да се заразат малку веројатно е дека ќе разбијат тежок облик на болсета,

- Децата треба да се вратат во училиште, дури и ако идните студии откријат дека тие се преносители на новиот коронавирус, затоа што со помала веројатноста дека ќе развијат потешки форми на болеста, изјави Кејли Мекеани секретарката за печат на Белата куќа.

Додека учениците во голем број земји поради коронакризата крајот на учебната година го дочекаа дома, во скандинавските и уште неколку други европски држави пролетта децата се вратија во училиштата.