Македонија
1. јуни 2020 - 13:13

Од полноќ бензините поевтини за половина денар

За половина денар од полноќ се намалува цената на нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека во следниот седумдневен период ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 57 денари за литар, ЕУРОСУПЕР 98 по цена од 59 денари за литар, а новата цена на дизелот ќе биде 49 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, додека цената на мазутот се намалува за 0,167 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 23,260 ден/кг.

Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 0,69 проценти, што се должи на падот на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.