Свет
5. јуни 2020 - 11:12

Од ноќеска укинат полицискиот час во Лос Анџелес, Сан Франиско и Сан Хозе

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, изјави дека од синоќа се укинува полицискиот час што во градот беше воведен од минатата недела.

Полицискиот час беше воведен како мерка на претпазливост од грабежи и насилство за време на демонстрациите за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Претходно, шерифот во округот Лос Анџелес кажа дека полицискиот час нема да се спроведува во областите каде патролираат неговите луѓе.

Полицискиот час беше укинат и во Сан Франциско и Сан Хозе, исто така, во американската држава Калифорнија. Одлуката следеше по вчерашните главно мирни демонстрации. Окланд и Сакраменто имаат намера да го задржат полицискиот час.