Македонија
22. March 2016 - 14:25

Од куќа во Бутел украдени пари и накит во вредност од 100 илјади евра

Пари, златен накит и часовници во вкупна вредност од околу 100 илјади евра биле укарени од куќа во скопски Бутел.

МВР соопшти дека во периодот од 16 до 18 март  на улицата „Хо Ши Мин“ непознат сторител со употреба на физичка сила влегол во куќата сопственост на Ј.Д. (63), при што одзел 50.000 евра, 5.000 швајцарски франци, машки рачни часовници и златен накит. 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на крадецот.