Од коронаворус досега починаа 492 лица, заразени се 24.500
Од крајот на декември досега од коронавирусот починале 492 лица, додека повеќе од 24.500 се заразени, соопштија денеска здравствените власти.
Болеста се прошири во повеќе од 25 држави ширум светот, а најмногу случаи има регистрирано во Кина, пред се, во провинцијата Хубеи, во која и вуросот се појави, пренесе Си-Ен-Ен.
Последните случаи на вирусот се откриени на крузер што пристигнал од Јапонија , во кој се откриени 10 случаи на заразени, заради што сите 3.700 патници и членови на екипажот на бродот се задржани во карантин, каде ќе останат најмалку две недели.
Најмногу заразени, но и смртни случаи се забележени во Вухан, градот во кој досега починаа 362 лица, а заразени се 8.351.
Многу земји организираа евакуација на своите граѓани од Кина, а Велика Британија на сите свои граѓани им нареди да ја напуштат оваа земја, не прецизирајќи на кој начин тоа да го изведат, нити понуди конкретна помош, наведува Си-Ен-Ен.
Епидемијата на коронавирусот изби кон крајот на декември минатата година, а претпоставка е дека вирусот се појавил кај животни, пред се, кај лилјаци.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците