Македонија
29. January 2017 - 12:43

Од кога марихуана се пакува во ПВЦ прозорци, голема акција на полицијата и царината

Одделот за крим полиција–Секторот за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со Царинската управа на Република Македонија, реализира случај на недозволена трговија со марихуана.
 
На декември минатата година, во царински склад, од страна на Царинската управа е извршен преглед на товарно возило марка „Сканиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.С од Скопје, при што во внатрешноста на пластични прозорски рамки биле пронајдени околу 67 килограми наркотична дрога марихуана.
 
Со акцијата е пресечен меѓународен канал на недозволена трговија со марихуана на релација Косово - Македонија со крајна дестинација Швајцарија. Од страна на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи извршено е вештачење при што утврдено е дека 29 пластични прозори биле исполнети со пресувана марихуана, со просечна нето маса од  два килограми. Запленетата наркотична дрога на нарко пазарот би достигнала цена од околу 300.000 евра.
 
 
 По преземени мерки и активности утврдено било дека возилото било пријавено за транзит низ Македонија и дека марихуаната била натоварена во Косово, со крајна дестинација Швајцарија.
 
Во врска со овој случај разменети се информации со косовската служба за борба против дрога, по што од нивна страна, по преземени мерки и активности, е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со дрога против три 
лица.