Живот
3. March 2017 - 14:03

Од кит - убиец до секси дама: Беше тешка половина тон, а сега е непрепознатлива

По страшната семејна трагедија, обвинувањата за убиство поради што ја завикаа „кит-убиец“ и потоа ослободувањето, одлучи да преземе нешто драстично.

Мајра Розалсес успеа да ослабе дури 360 килограми, а била тешка неверојатни 450. Сепак ненормалната килажа на оваа 34-годишна Американка од Тексас не и беше единствен проблем. Надимак „убиец од половина тон“ го доби пред неколку години кога во нејзиното семејство се случи страшна трагедија.

Нејзината сестра го удрила своето двегодишно дете кое потоа починало. Вината за тоа, по сугестија на сестрата го презела Мајра која веќе тогаш била тешка речиси пола тон и не можела поради тежината да стане од кревет. На полицајците им рекла дека случајно се превртела врз детето и дека починало од последиците на гушење.

Вистината сепак излегла на видела нешто подоцна, откако е направена обдукција која покажа дека Мајра лажела на суд.

Нејзината сестра е осудена за убиство, а пред Мајра останала одговорноста да се грижи за своите внуци и внуки.

Јасно било дека морала за да се грижи за неа прво драстично да ја намали својата тежина. Мајра одлучила да направи се за својот живот да го доведе во ред и за да може да се посвети на воспитувањето на своите внуци.

И требале 4 години и 11 операции, а денеска изгледа како сосема друга личност. Има 90 килограми, а целта и е да дојде до 80.