Од идната недела велешани ќе можат да аплицираат за субвенции за набавка на печка на пелети или инвертер клима
Од следната недела до 25 октомври велешани ќе можат да аплицираат за субвенции за печка на пелети или инвертер клима. Советот на Општина Велес вчера одлучи на 34 семејства да им додели субвенции за набавка на енергетско ефикасно грејно тело. Предноснот ќе имаат од социјално загрозените семејства, со член од маргинализирана група инвалидизирано или хендикепирано лице, како и самохран родител.
Општината ќе субвенционира 70 отсто од вредноста или најмногу до 15 илјади денари за набавено енергетско ефикасно грејно тело-печка на пелети или инвертер клима.
Како што појасни за МИА, Елизабета Јовчевска од Општина Велес, целта на оваа мерка е стимулирање на жителите, односно домаќинствата за примена на почисти горива и поквалитетен начин на затоплување на своите домови, со што ќе придонесат за почиста животна средина.
Таа информира дека ќе се формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Велес за набавка на енергетски ефикасно грејно тело.
– Комисијата во првата фаза ќе ја проверува дали е целосна документацијата, а во втората фаза ќе изврши и теренски увид кај барателите, по што ќе одлучи на кои семејства ќе им ги додели субвенциите, појасни Јовчевска.
Барателите треба овие грејни тела да ги набават од објавување на повикот па се до 25 октомври,додека трае истиот, информира Јовчевска.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка