Македонија
9. јуни 2016 - 15:16

Од идната недела грчките власти воведуваат нова давачка при патување во Грција

Воведувањето на патарини на автопатот до Солун се одложува. Плаќањето за автопатот требаше да влезе на 6-ти јуни, но грчките власти не се подготвени со електронскиот систем, кој ќе издава билети за магистралата.Таксата ќе влезе во сила најрано за една недела, прецизираат од патната агенција на Грција.

Најверојатниот рок за почеток е следниот понеделник 13 јуни. Патнички автомобили ќе се наплаќаат со 2,40 евра, автобусите – 6 евра, а цената за тешки камиони ќе биде 8,40 евра.