Балкан
18. May 2016 - 14:47

Од Грција и Италија прераспоредени само 1.500 мигранти

Врз основа на одлуката на Европската комисија за прераспределба на мигрантите меѓу државите членки на ЕУ, досега од Грција и Италија се прераспоредени само 1.500 бегалци, соопшти денеска Брисел.

Комисијата посочува дека според нејзиниот план до средината на мај од Грција и Италија во другите земји членки на ЕУ требаше да бидат прераспоредени 20.000 мигранти.

Податоците на Еврокомисијата покажуваат дека во моментов во континенталниот дел на Грција се наоѓаат околу 46.000 мигранти.

Од државите надвор од ЕУ, досега во земјите челнки биле прифатени 6.321 мигранти.. наведува Европската комисија во своето соопштение.