Свет
7. July 2015 - 16:32

Од француска воена база украдени експлозиви и детонатори

Најмалку 150 пластични експлозиви и детонатори како и 40 рачни гранати се украдени од француската воена база Мирамас близу Марсеј. Кражбата се случила во изминатата ноќ, јавија француски медиуми.

Базата е логистички објект на француските копнени сили во која има складишта за муниција, техника и оружје за воени операции во Африка.