Македонија
18. April 2016 - 14:24

Од дом во Скопје украден пиштол

Непознат сторител украл пиштол, калибар девет милиметри, од дом во Скопје, соопшти полицијата.

Сопственикот Н.Ш. (33), кој го поседувал пиштолот со дозвола, го пријавил случајот вчера, околу 13 часот, во полициската станица Бит Пазар.

Кражбата се случила во периодот од 9 јануари до 16 април годинава. Разбојникот влегол во неговиот дом и од незаклучената помошна просторија го одзел пиштолот.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.