Бизнис
1. July 2016 - 20:41

Од денеска возилата со ЕУРО 3 нема да можат да се регистрираат

За 60% е зголемен бројот на увезени половни возила годинава споредено со лани. За шест месеци во земјава влегле 16.763 употребувани коли, лани во цела година 23.196. Особено бил зголемен увозот на половни возила во текот на минатиот месец. Во јуни се увезени 4.086 стари автомобили или двојно повеќе од истиот месец лани.

Од денеска во сообраќај можат да се пуштаат возила со најмалку еуро 4 стандард или не постари од 10 години. Од Царина потсетуваат дека Управта и натаму може да царини постари возила, но штетата ќе оди на сметка на увозникот кој нема да може да ги регистрира.

Увозот на половни возила беше либерализиран во 2010 година кога беа увезени и најмногу половни возила, односно 51.399 автомобили.