Македонија
27. September 2021 - 12:09

Од денеска трета доза вакцина, без закажување, на сите вакцинални пунктови во државата

Министерството за здравство соопшти дека почнувајќи од денеска со трета доза вакцина може да се вакцинираат, здравствените работници, граѓаните над 60 години и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, а кај кои има поминато шест месеци од примената ревакцина.

Во текот на минатата седмица, како што се посочува, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава.

Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем „Мој Термин“. Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози. Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација, информираат од Министерството за здравство.