Бизнис
26. November 2018 - 11:49

Од денеска нова цена на горивата во Македонија

Регулаторна комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на горивата во  Македонија.
 
 
Со последната промена пред две недели, малопродажните цени на бензините се намалија за 4,5 денари, на дизелот за три денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари.
 
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53 ден/лит. 
 
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 денари за литар.
 
Денеска се очекува повторно намалување на цените, бидејќи цената на суровата нафта е во слободен пад.
 
За помалку од 2 недели, цената е пониска за 10 долари за еден барел, што гарантира големо, можеби и историско намалување на малопродажните цени на горивата во Македонија. 
 
За очекување е секој од дериватите да поевтини за околу 5 денари по литар, доколку Регулаторната комисија за енергетика се држи до пресметките.