Македонија
5. July 2018 - 17:25

Од 10-ипол до 14-ипол години затвор за обвинетите за обидот за убиство на Зијадин Села

Од 10 и пол до 13 и пол години затвор за обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села. Судот денеска ја објави пресудата за седумтемина обвинети кои учестувале во нападот на пратеникот за време на собраниските настани од 27 април минатата година. Според образложението на судијата Славица Андреевска, тие се виновни за кривичното дело бидејќи во Законодавниот дом со умисла се обиделе го лишат од живот пратеникот Села.

 Обвинетите смирено ја ислушаа пресудата, единствено од нивните блиски се слушаше длабоко издишување.

Адвокатот на Села не ги коментираше затворските казни на седумтемина.. Очекува и други лица да седнат на обвинителната клупа за нападот на неговиот клиент.

За обидот за убиство на Села првично беа обвинети десетмина. Во текот на судската постапка се промени обвинението па двајца беа осудени за насилство а еден целосно ослободен од обвинение.