Балкан
19. May 2020 - 13:16

Од 1 јули на море во Грција без тест за Ковид-19?

По Србија која од 1ви јуни за македонските државјани нема да бара тест за коронавирус, најверојатно од 1 јули и Грција нема да бара тестирање за Koвид-19.

-За сега идејата е сите да бидат тестирани, но 1ви јули е далеку, така што најверојатно нема да биде задолжително, соопшти министерот за туризам на Грција Харис Теохарис.

Според него, протоколите и правилата најверојатно ќе претрпат измени, но напомена дека здравствените власти од регионот допрва ќе разговараат на оваа тема.

-Мерките се уште до крај не се дефинирани. Тие ќе бидат договарани на билатерално ниво. Се очекува наскоро да има разговори на сите нивоа и ќе се најде решение за сите земји од Балканот, порача Теохарис.

 

А од хотелски капацитети велат дека се подготвени за туристичката сезона, но проблемот е што се уште не се знае кога хотелите ќе смеат да се отворат, и под кои правила. Нивна надеж оваа летна сезона  сепак ќе бидат домашните туристи.