Фудбал
19. March 2017 - 11:19

Очекувана победа на Бетис против Осасуна

Фудбалерите на Бетис очекувано се радуваа на победа во дуелот проти Осасуна на средбата од 28.коло во шпанската Примера. 
 
Бетис пред својата публика на „Бенито Виламарин“ ја победија последно пласираната екипата на табелата Осасуна со 2-0, со головите на Рафа Наваро (4.минута) и Рубен Кастро (28). 
 
На претходно одиграните натпревари, беа постигнати овие резултати: Лас Палмас – Виљареал 1-0, Еибар – Еспањол 1-1, Атлетик Билбао - Реал Мадрид 1-2 и Алавез – Сосиедад 1-0. 
 
Денеска ќе се одиграат преостанатите пет натпревари: Леганес – Малага, Атлетико Мадрид – Севиља, Депортиво Ла Коруња - Селта Виго, Спортинг Хихон – Гранада и Барселона – Валенсија.
 
Табела: Реал Мадрид 65 бодови,  Барселона 60, Севилја 57, Атлетико Мадрид 52, Виљареал 48, Сосиедад 48, Атлетик Билбао 44...