Loading Video...
Кошарка
14. July 2018 - 18:53

Очаен старт на младите македонски кошаркари

 
 
Младите македонски кошаркари со убедлив пораз го започнаа својот настап во Б дивизијата на Европскиот шампионат, за играчи до 20 години, што се одржува во Софија. 
 
Тие во првото коло од А групата беа поразени од врсниците од Летонија со дури 40.поени разлика 79:39.
 
Уште по воведната четвртина која ја загубија со 15 разлика, а особено по првото полувреме по кое имаа негатива од 45-18, беше јасно дека црвено-жолтите нема што да бараат во мечот против Летонците. 
 
Со по само шест постигнати поени во вториот и последниот период, неизбежен беше убедливиот пораз, од 40 разлика, кој треба да биде поука за избраниците на селекторот Никола Василев.
 
Токму денешниот слободен ден треба да биде искористен за анализа на „не одиграното“, но и анализа и план за она што претстои, а тоа е утрешниот меч против Белгија која вчера ја победи Белорусија со 9 разлика, а вечерта ќе игра против Летонија. 
 
Потсетување дека покрај овие две селекции противници на македонските млади кошаркари ќе бидат и нивните врсници од Азербејџан против кои ќе играат во вторник и Белорусија во среда. Само двете првопласирани обезбедуваат место во четвртфиналето