Македонија
5. May 2017 - 12:09

„Обзервер“: Голема Албанија е реалност, во прекројувањето на границите оваа земја губи се

Мешањето на Русија на Балканот може да ја загрози цела југоисточна Европа, а Западот мора да ја поправи штетата која ја нанесе во текот на распадот на Југославија, оценува маериканскиот експерт за безбедност и поранешен аналитичар на Националната безбедносна агенција (NSA), Џон Шиндлер за њујоршки „Обзервер“.

Колумнистот пишува дека НАТО мора да и помогне на Југоситочна Европа и да се воздржи од агресивни потези како обидот за државен удар во Црна Гора пред неколу месеци, а укажува и на опасност од голема криза во Македонија.

– Ширум поранешна Југославија, НАТО и ЕУ инсистираа на зачувување на внатрешните граници по пропаѓањето на комунистичнкиот режим, наведува Шиндлер кој овој пристап го оценува како осуден на пропаст.

Тој смета дека Тито ја држел Југославија во едно „со комбинација на харизма, политички талент и многу непријатна тајна полиција“, што не го поседуваат ниту НАТО, ниту ЕУ.

– Дојде време Западот да го признае својот неуспех и на југоисточна Европа да и го даде она што навистина и е потребно, нормални држави – нации со кохерентни граници, пишува Шиндлер и додава дека за тоа е потребно да се преправи мапата на Тито.

Тој ја опишува БиХ како „псевдо-држава која никогаш не заздравeла од катастрофата која траеше од 1992 до 1995 година“ и додава дека „милијарди долари западна помош исчезнале благодарение на големата корупција и криминал“.

– Република Српска нека и се придружи на Србија, како што одамна сака, пишува Шиндлер и напоменува дека никој не може да објасни рационално зошто границите на Србија од времето на комунизмот може да се менуваат, а на БиХ не може.

Колумнистот на „Обзервер“ наведува дека на етничките Хрвати од западна Херцеговина треба да им се дозволи да се приклучат кон Хрватска и потсетува дека поголемиот број на локални Хрвати веќе имаат хрватски пасоши.

Шиндлер смета дека на останатиот дел од БиХ треба да и се овозможи да оди по својот пат и по забрзана постапка да биде примена во НАТО и ЕУ.

– Западот мора да се откаже од фантазијата дека долгорочен мир на Балканот може да биде постигнат со изолирање на Србија, наведува колумнистот напоменувајќи дека Белград треба да направи компромиси и да го признае Косово како независна држава.

„Македонија е најголем губитник“ – Џон Шиндлер

Според Шиндлер „Голема Албанија доаѓа во секој случај“ и „подобро е тоа да се постигне под мирни услови.“.

Тој смета дека на Косово треба да му се дозволи да се соедини со Албанија, додека на Србија треба да и припадне регионот на северна Митровица, а на Косово Прешевската долина. Колумнистот наведува дека српските верски локации во Косово треба да бидат ставени под заштита на ОН и прогласени за екстратериторијални.

Шиндлер вели дека најголема загуба во прекројувањето на мапата на Балканот ќе има Македонија и дека Скопје, во замена за губењето на северозападниот дел од земјата кој е повеќе населен со Албанци, треба пред сите да добие покана за членство во ЕУ и несебична помош од Западот.

Колумнистот на „Обзервер“ оценува дека Путин на Балканот моментално се обидува да предизвика проблеми, но дека од Москва може да се очекува соработка во размена на териториите на Балканот доколку Кремљ биде третиран како рамноправен партнер.

– Дури кога Западот ќе прифати дека народите во југоисточна Европа може да постигнат мир, тогаш кога ќе живеат во кохерентни нации – држави како Германија, Полска, Данска, тогаш може да очекуваме дека Балканот ќе се смири и дека ќе почне да ги решава сериозните проблеми како сиромаштија, криминал и корупција кои се провлекуваат уште од Југославија и нејзиниот насилен распад, заклучува Шиндлер.