Македонија
15. November 2018 - 16:15

Обвинителството отвори постапка - се сомнева дела службени лица му помогнале на Груевски да ја напушти Македонија

Основното јавно обвинителство отвори предмет за бегството на екс премиерот Никола Груевски.. Се соменева дека во тоа му помогнале службени лица..

„Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија“, информираат од обвинителството..

Министерството за правда во меѓувреме ја почна постапката за екстрадиција.. 400 страници содржи документацијата а по преводот на унгарски јазик, барањето ќе се испрати до властите во Будимпешта..

Според правните експерти, невозможно е замрзнување на имотот на членови на семејството на екс премиерот кој е осуден на две годишна затворска казна.. Објаснуваат дека со кривичното дело за кое е осуден, Груевски немал лична корист..

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ единствено одговорна за бегството на Груевски е власта.. Бараат оставки од премиерот и министерот за внатрешни..

Од СДСМ обвинуваат дека во бегството на поранешниот премиер е директно вклучен лидерот на опозицијата..

Бегството на Груевски го истражува и внатрешната контрола на МВР, откриваат од владата.. Одговорност од надлежните институции очекуваат правните експерти.. Сметаат дека отсуствувала соработката меѓу судот, полицијата и граничните служби..