Македонија
25. September 2015 - 12:18

Обвинителството одобри повторување на постапката за Хаџиски

Надлежното Основно Јавно обивнителство на 22.09.2015 година се согласи со барањето за повторување на постапката доставено од страна на обвинетиот Миле Хаџиски за убиство на Мери Јошевска од пред две децении.

Како што стои во соопштението, обвинителот кој постапува во предметот се согласил со предлогот за повторување на постапката, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство.

Инаку, барањето за повторување на постапката Хаџиски го доставил во надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје, од каде на ден 21.09.2015 е доставено барање за мислење во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје.

- Воедно, сметајќи дека има основа да се верува дека обвинетиот ќе се даде во бегство, обвинителството предложи до судот определување на мерката притвор. Од страна на судот предлогот беше прифатен, па со Решение е определен притвор на обвинетиот во времетраење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО.

Миле Хаџиски беше есктадиран во Македонија пред еден месец од Франција каде што беше уапсен како припадник на бандата „Пинк Пантер“.