Обвинителството на БиХ побара притвор за премиерот на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ
Обвинителството на Босна и Херцеговина предложи едномесечен притвор за премиерот на Федерацијата на БиХ, Фадил Новалиќ, суспендираниот директор на Федералната управа за цивилна заштита, Фахрудин Солак и сопственикот на „Сребрена малина“, Фикрет Хоџиќ.
„По сослушувањето на осомничените, обвинителскиот тим на Обвинителството на БиХ испрати предлог до Судот на БиХ да им изрече мерка притвор во траење од 30 дена“, објави Обвинителството на БиХ.
Тие беа уапсени во четвртокот, а по сослушувањето во просториите на Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА), тие беа пренесени во просториите на Обвинителството на БиХ.
Сега Судот на БиХ, кој ќе го одреди рочиштето за определување притвор или други забранети мерки предложени од обвинителите. Истрагата за сомнителната набавка на 100 кинески респиратори за 10,5 милиони КМ (околу 5,25 милиони евра) трае повеќе од еден месец, и во тој период се сослушани многу сведоци, беа спроведени бројни претреси и беше одземена обемна документација.
Ново на Сител
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти