Обвинителството на БиХ обвини деветмина Хрвати за злосторства против Србите
Обвинителството на Босна и Херцеговина обвини деветмина членови на поранешниот Хрватски совет за одбрана, соработници на полициските структури и чувари логорите и другите објекти за приведување на заробеници, заради воени злосторства против српското население извршени во 1992-1993 година, соопшти српската државна телевизија РТС.
Според обвинителството, обвинетите „учествувале во проготнот на населението од српска националност поради етнички, културен и религиозен предзнак, заради што е поведена постапка за злосторства против човештвото“.
Хрватскиот совет за одбрана беше вооружена формација на босанските Хрвати, што дејствуваше за време на војната во БиХ од 1992-1995 година со поддршка на хрватската армија. За време на конфликтот Хрватскиот совет за одбрана учествувал во етничките чистки.
Пред тоа, обвинителството на Босна и Херцеговина почна постапка против поранешниот министер за внатрешни работи Јусуф Пушина и неговите потчинени соработници под обвинение за убиство на осуммина заробени Срби и криење на тоа злосторство. Како команданти и припадници на полицијата, обвинетите во април 1992 година дејствувале во спротивност со Женевската конвенција за заштита на воените заробеници, се наведува во соопштението.
Според верзијата на обвинителството, осум војници од српска националност биле одведени во Големиот парк во центарот на Сараево, каде биле стрелани со автоматско оружје.
Ново на Сител
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар