Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
Извршен е увид од страна на јавен обвинител од Основното јавно обвинитество од Куманово на локациите каде синоќа биле опожарени два автомобила и една деловна просторија.
- Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор, информираа денеска од Јавното обвинителство.
Од Обвинителството информираат дека еден од автомобилите е сопственост на јавен обвинител.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи и од Територијалната противпожарна единица од Куманово, синоќа интервенирале на две возила на улицата „Трст“ и едно возило на улицата „Никола Вапцаров“. Интервенирано е и на пожар на фотокопирница.
Од Демократската унија за интеграција реагираа барајќи веднаш да се истражат случаите и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Од ДУИ оценуваат дека се работи за омраза и меѓуетнички подели и ја повикуваат меѓународната заедница да реагира.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти