Македонија
25. April 2019 - 16:07

Обвинителството и МВР ќе утврдуваат дали потписот и печатот на документите од ИВЗ се фалсификат

Скандалот со промената на поглаварот на ИВЗ е под лупа на Јавното обвинителство.. Од таму велат дека се следат тврдењата и меѓусебните обвинувања на двата табора за веродостојноста на документите според кои граѓанскиот суд ја извршил промената во врвот на Исламската верска заедница..

„Јавното обвинителство ги следи информациите и ќе постапува доколку во конкретниот случај се утврди дека постојат елементи на сторено кривично дело“, се вели во известувањето..

Основниот суд Скопје 2 се прогласи за ненадлежен да проверува дали документите за упис на новиот поглавар на ИВЗ се фалсификат.. Предметот поседувал одлуки со печат на ИВЗ и потпис на Реџепи со кој ја потврдил својата оставка..

„Судот нема надлежност да ја проверува веродостојноста на документите. Тоа може да биде предмет на друга постапка поведена по кривична пријава пред надлежен орган“, велат од граѓанскиот суд..  

ИВЗ на Реџепи вчера обвини дека Бузаку кој судот го запиша за нов поглавар на верската заедница користел фалсификувани документи.. Уверуваат дека печатот бил различен од оној што тие го користат а ниту потписот на Реџепи одговарал на оригиналот.. Заради ова најавиа кривични пријави и жалба на решението на Основниот суд Скопје 2..

Од Министерството за внатрешни работи велат дека до нив засега нема пристигнато кривична пријава за случајот со ИВЗ но велат штом добијат ќе постапат по наводите изнесени во пријавата.. 

Сега Исламската верска заедница има двајца поглавари.. Доскорешниот Реџепи кој изјави дека ја добил поддршката на Ријaсетот по завчерашниот вонреден состанок и Бузаку кој ја доби функцијата откако приложи документи до судот според кои Реџепи си поднел оставка..

Во меѓувреме, муфтиствата низ земјава преку совијалните мрежи му даваат поддршка на Реџепи и го осудуваат однесувањето на Бузаку..