Македонија
21. August 2019 - 17:25

Обвинителство за организиран криминал - Јанева влијаела на „Империја“ и земала награда

Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец со помош на Катица Јанева изнудиле 1,5 милиони евра од скопскиот бизнисмен Орце Камчев. Од сведок, шефицата на СЈО од денеска е осомничена за злоупотреба на положбата специјален јавен обвинител. Обвинителството тврди дека Јанева влијаеле за олеснување на постапката и укинување на притворот на Камчев во Империја, а за возврат прибавила значителна лична имотна корист.

Обвинителството негира дека покрај Јанева се приведени и политичари. До овој момент истрагата е проширена само со шефицата на СЈО, но во понатамошниот тек на прибирање на докази не ја исклучуваат можноста за нови осомничени лица.

Обвинителите не откриваат дали знаат каде завршиле парите од рекетот, но потенцираат дека засега нема индиции дека овие пари легнале на сметките на домашни или странски политичари. И додоека обвинителството трага по парите, управата за Јавни приход ќе ги проверува фирмите поврзани со првоосомничениот Боки 13.

ОЈО Скопје потенцира дека работи неселктивно и дека на распит ќе бидат повикани сите инволвирани лица во случајот, пред да биде покренато обвинение. Засега не откриваат дали и кога исказ ќе даде и Боки 13 како првоосомничен во постапката.