Македонија
25. јуни 2021 - 9:04

Обвинителката Фатиме Фетаи доживеала сообраќајна несреќа, веднаш била префрлена во болница

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи вчеравечер во Топанско поле доживеала сообраќајна незгода, пренесува порталот „ин7“.

Имено, насреќата меѓу две возила Поло и Сеат Ибица се случила на раскрсницата кај улицата Џон Кенеди, пишуваат албанските портали во земјата.

Според информациите, а како што пренесуваат медиумите, судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди.
Обвинителката, Фатиме Фетаи како што пишува ин7, со друго возило е однесена во болница на контрола, а нејзината состојба не треба да биде сериозна.