-->
-->
Обрван го објави списокот од 18 ракометари
-->
Сениорската машка репрезентација на Македонија, во склоп на ЕХФ неделата што ќе се случува од 2 до 8 ноември, ќе настапи на турнир во Умаг, Хрватска, како дел од подготовките за настап на ЕП 2016.
Турнирот во Умаг ќе се игра во периодот од 6 до 8 ноември, на кој покрај Македонија и домаќинот Хрватска, ќе настапи и Црна Гора. Според предвидениот распоред, нашата селекција своите средби ќе ги игра во петок и во сабота:
06.11.2015 (пет) Хрватска – МАКЕДОНИЈА
07.11.2015 (саб) МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
Селекторот на нашата најдобра машка репрезентација, Ивица Обрван, својот прв собир со ракометарите го закажа за 2 ноември, а ќе се тренира во Скопје и во наредните три дена, заклучно со 5 ноември, за кога е предвидено патувањето за Хрватска.
Обрван го објави списокот од 18 ракометари на кои смета за ЕХФ неделата:
Борко Ристовски
Никола Митревски
Дејан Манасков
Гоце Ојлески
Гоце Георгиевски
Никола Костески
Стојанче Стоилов
Жарко Пешевски
Никола Маркоски
Кирил Лазаров
Влатко Митков
Филип Миркуловски
Немања Прибак
Ацо Јоноски
Филип Лазаров
Филип Талевски
Филип Кузмановски
Милорад Куковски
Инаку, покрај овој дел од подготовките во склоп на ЕХФ неделата, сениорите своите последни подготовки пред стартот на ЕП се очекува да ги започнат на крајот на декември 2015 година. Во тој период пред почетокот на континенталниот шампионат, Македонија веќе има закажано уште два пријателски натпревари против Словенија во Крско на 4 јануари и во Целје на 5 јануари. Европското Првенство во Полска почнува на 15 јануари, а Македонија се наоѓа во силна група со Франција, Србија и домаќинот Полска.
Сoбирoт е закажан за 2 ноември (пoнеделник) во 12 часот во Х. Александар Палас во Скппје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз