Македонија
12. September 2016 - 20:16

ОБНОВЕНО: Нов земјотрес вечерва почувствуван во Скопје

Нов силен земјотрес вечерва во 19.54 минути беше почувствуван во Скопје и во околината. Според европскиот-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 4, 8 степоени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 4 километри североисточно од Скопје, во регионот на Арачиново, на длабочина од 5 килиметри.

Претходно, земјотреси со магнутуиди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала го потресоа Скопје денеска во 11.50 минути и во 14.19 минути.

Трите земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.

Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси. 

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.