Обновени воздушните удари врз Алепо

Воздушните удари врз сирискиот град Алепо беа обновени денеска откако пропадна договорот за времено запирање на огнот меѓу владините сили и бунтовниците, тврди Сирискиот центар за човекови права.
Одново почнаа тешки борби вклучително и артилериски оган, ден по објавувањето на примирјето. Најмалку седум цивили загинаа денеска во бунтовничко гранатирање на два кварта под контрола на сириските сили, објави Сириската телевизија.
Според бунтовниците, режимот и сојузниците (Иран) побарале нови услови во примирјето.
Либанското движење Хезболах еден од главните сојузници на Асад, соопшти дека примирјето треба да има поддршка од сите страни, меѓу кои и Русија и Иран.
– Никаков договор за Алепо не може да биде факт без целосна анализа на ситуацијата на бојното поле и хуманитарните прашања во други региони, предупредува Хезболах.Тие тврдат дека според договорот, е предвидено северниот сириски град да го напуштат 15.000 луѓе од кои 4.000 бунтовници.
Ново на Сител
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
