Балкан
6. February 2020 - 11:05

Обновени летовите од истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“

Летовите беа обновени денеска од аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул, каде  авион вчера излета од пистата. Во инцидентот загинаа три лица, а десетици се повредени.

Аеродромските активности продолжија утрово иако се уште има одложувања и откажувања на летовите.

Боинг 737 на приватната компанија Пегасус вчера по приземјување при пороен дожд и силен ветар излета од пистата.

Во авионот имаше 177 патници и екипаж од шест луѓе. Меѓу патниците имало 22 странци од 12 држави.