Џет-Сет
19. February 2016 - 20:30

Облини за историја: Таа е првиот модел „плус сајз“ кој го краси SI

Ешли Греам (28) конечно го скрши ледот и со насловната страница на познатиот магазин им го отвори патот на многу девојки чии облини се етикетирани со години во модната индустрија.
 
Таа се појави на насловната страница покрај познатата ѕвезда на UFC, Ронда Роуз.
Таа со својата прва насловна фотографија се пофали и на Инстаграм.
 
- Јас сум без зборови! ова е за сите жени кои мислат дека не се доволно убави поради својата големина, напишала Ешли.