Македонија
9. August 2016 - 8:20

Облачно време со повремени врнежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Во текот на денот локално процесите може да бидат и поинтензивни, но кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 25 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, околу пладне пороен и проследен со грмежи.

Температурата ќе се движи од 17 до 29 степени.

Во среда, како и во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и потопло. Во четврток попладне под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе има локален дожд и грмежи, а од петок засилен северен ветер и пад на температурите.