Македонија
22. January 2019 - 8:14

Облачно време со повремени врнежи од дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три, а дневната од еден до осум степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до пет степени.

Во текот на неделава ќе има повремени врнежи од додж и снег на пониските места и само снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните и западните делови каде на планините покривката ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.