Македонија
24. December 2019 - 8:21

Облачно време со локален дожд и снег на планините

Времето во Република Северна Македонија ќе биде претежно облачно со локален дожд, а на повисоките места и на планините снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од еден до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Следува период на променливо облачно и постудено време со локален дожд, а на повисоките места и на планините снег. Услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.