Македонија
17. јуни 2017 - 9:30

Облачно со ветер и повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а дневната од 23 до 29 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно со повремено засилен северен ветер и појава на повремен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Појава на слаб дожд попладне ќе има и во недела, особено на југот.

Засилен северен ветер и посвежо време ќе има до понеделник, а потоа иако ветерот ќе остане северен тој ќе биде со послаб интензитет и температурите ќе бидат во пораст.