Loading Video...
Спорт плус
5. April 2020 - 13:20

Објавени мерките за помош на македонскиот спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дрко Каевски денеска ги презентира мерките со кои државата ќе се обиде да помогне на спортистите, клубовите, федерациите или целосно на спортот во државата, погодени од пандемијата на Корона вирусот.
 
Владата вчера донесе уредба со која се утврдува исплаќање на финансиска поддршка од Буџетот во износ од 14.500 денари за спортистите, стручните лица и спортската администрација за април и мај годинава. Исплатата ќе се врши врз основа на статус на вработено или ангажирано по договор лице во клубови и национални спортски федерации кои имаат решенија за вршење дејност спорт. Со неа ќе бидат опфатени сите лица кои со било каков договор се ангажирани во федерациите и во клубовите, информира Дарко Каевски директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС).
 
-Ова е главна мерка која значи директна помош од 14.500 денари за април и мај, средства наменети директно  за спортистите и спортските работници со цел да се зачуваат нивните работни мести и олеснување на работниот процес во овие кризни времиња, рече Кавески на денешата прес конференција во Владата.
 
Формуларот за барањето и целокупниот процес ќе биде објавен на веб-страницата и јавните гласила на АМС и националните спортски федерации 
До 15 април по електронски пат треба да бидат доставени сите барања и тоа до националните спортски федерацијии, а оттаму во рок од седум дена со потребната документација, барањата да бидат доставени до АМС.
 
Воедно Каевски ги најави и дополнителните мерки со кои ќе се олесни работата и функционирањето на клубовите во оваа тешка состојба.
 
-Помош за април и мај во износ од по 14.500 денари од АМС ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано минимум 40 млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови, односно имаат регистрирано минимум 80 млади спортисти до 18 години во екипните спортови. АМС ќе обезбеди финансиски средства за реализација на националниот спортски систем на сите национални спортски федерации по завршувањето на кризата до крајот на 2020 година. По завршувањето на пандемијата АМС покрај редовната поддршка ќе ги финансира програмите на индивидуалните врвни спортисти на олимписките спортови, односно тренажниот и натпреварувачкиот процес за 2020 година, истакна Кавески.
Воедно од АМС до Владата ќе биде упатен предлог за намалување на цените на услугите за спортските објекти што се во надлежност на институциите, како и препорака за истиот принцип на функционирање до општините и локалната самоуправа во висина од 50%.
 
-АМС во соработка со федерациите ќе ги ослободи клубовите од плаќање годишна членарина или котизација која имаат обврска да ја платат до крајот на 2020 година. Со пакетот мерки ќе се овозможи одржување на спортот во оваа тешка ситуација, задржување на работните позиции и олеснување на работата со цел подобро и без големи последици да се надминат предизвиците, рече Каевски.
 
Воедно Каевски потенцира дека ваучерскиот систем со кој се обезбедуваат 10 милиони евра за поддршка на спортот продолжува останува да важи, а Агенцијата дополнително ќе се обиде да помогне во нивната реализација.