Џет-Сет
13. August 2015 - 10:34

Објавен трајлерот за новиот филм на Тарантино

По долго очекување љубителите на филмовите на Квентин Тарантино, конечно можат да го видат првиот официјалан трајлер за неговото најново филмско остварување „The Hateful Eight“.

Трајлерот беше објавен синоќа на службениот канал на компанијата „Вајнстејн“, а премиерата, во одбран број кина, е најавена за католички Божик оваа година. Редовното прикажување на филмот низ кината во светот е предвидено за следната 2016 година.

Приказната се одвива десет години по американската Граѓанска војна, во текот на зимскиот период во државата Вајоминг.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Семјуел Л. Џексон, Тим Рот, Курт Расел и Џенифер Џејзоп Ли. 

Судејќи според трајлерот, во филмот го има се она на што сме навикнати од Тарантино.