Македонија
20. February 2020 - 12:16

Објавен јавен повик за изградба на ХЕ Чебрен

Отворен е меѓународен јавен повик за изградба на хидроелектраната Чебрен. Проектот би се реализирал како јавно-приватно партнерство, каде ЕСМ ќе биде партнерот во име на државата, нема дирекно да вложи пари, но ќе го изгради патот, трафостаницата, а ќе учествува и со хидроелектраната Тиквеш.

Се очекува минималната инвестиција од приватниот партнер да изнесува 570 милиони евра, а тендерот ќе го добие компанијата што ќе понуди најголем удел за ЕСМ. Јавниот повик ќе биде отворен до 3 април.

Мирјана Јовеска