Македонија
12. April 2016 - 10:48

Објавен 9.Меѓународен студентски конкурс за плакат

Плакарт – Здружението на графички дизајнери го објави новиот 9.Меѓународен студентски конкурс (МСКП) за плакат.

Советот на МСКП и Скопје постер фестивалот одлучи годинава да стави акцент на темата на идентитетот како актуелно и горливо прашање со кое е засегнат светот. Фестивалот е на тема „Криза на идентитетот“. 

Студентите на сите образовни нивоа (колеџи, високи школи, факултети, магистерски и докторски студии на уметност, дизајн, визуелни уметности) може да аплицираат на 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат до 30 октомври.

Деветиот МСКП е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје, а фестивалски партнер ќе биде Музеј на град Скопје.

Автор на промотивниот плакат на 9. МСКП е рускиот дизајнер Петар Банков.