Македонија
10. September 2015 - 18:36

Обиколницата на Скопје и утре ќе биде отворена за сообраќај

Обиколницата околу Скопје утре повторно ќе биде отворена за сообраќај поради најавата за дожд, информира македонската продукција „Мануфактура“ во име на продукцијата од Франција „Шик филмс“ која таму го снима филмот „А Фонд“.

Филмот почна да се снима во понеделникот, од кога обиколницата беше затворена за движење на возила.

Поради неповолната временска прогноза, екипата утре, како и денеска, нема да снима и автопатот ќе биде во употреба за сообраќај за граѓаните.