Балкан
21. November 2015 - 20:16

Обид за подметнување пожар во домот на грчкиот државен секретар Фламбурарис

Непознати напаѓачи со бензин ја полиле и ја запалиле влазната врата на домот на грчкиот државен секретар за координација на работата на Владата, Алекос Фламбурарис.

„Катимерини“ објави дека Фламбурарис за време на синоќешниот инцидентот не бил во својот дом, што се наоѓа во центарот на Атина. Од огнот е оштетена влезната врата.

Фламбурарис е член на владејачката партија Сириза и близок соработник на премиерот Алексис Ципрас.

Грчките опозициски пратеници во Парламентот, како и медиумите го обвинуваат Фламбурарис со корупција.