Обезбедени се пари за функционирање на државата до крајот на годината
Сите пари за нормално функционирање до крајот на годината се обезбедени, во смисла на плати, на пензии, на други трансфери. Не можеме целосно да процениме што ќе се случи до декември, но очекуваме дека сите аспекти ќе се подобрат, и здравството и економијата, еве во мај имаме зголемен прилив во буџетот за разлика од април. Ќе имаме дополнителни економски раздвижувања, не ги прекинавме капиталните инвестиции, правиме се да ја одржуваме државата економски активна, наведел техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Тој нагласил дека и оваа година државата има милионски долгови и камати заради долговите на ВМРО ДПМНЕ.
– Наш став беше дека партиите не треба да ги земаат државните пари за оваа година кои им следат според закон. И ние ќе останеме на тоа, иако други партии не се согласуваат. Тоа е исто како и со функционерите, нашите ги донираат платите, другите не го прават тоа. Ќе размислиме дали со уредба можеме да ги ограничиме парите за партиите од буџетот, изјави Спасовски.
Според него, државата е подготвена да се справи и со трет бран на корона вирусот, но само ако има функционални институции, како парламент и политичка влада.
Тој напомена дека опозицијата манипулира со информации дека СДСМ поткупува гласачи.
– Не можам да се сложам дека хуманитарните активности во време на пандемија се поткуп на гласачите. Па сите држави носат мерки за заштита на граѓаните и на економијата. Да имавме избори на 12 април и да немавме пандемија немаше да носиме вакви мерки за спас на стопанството и за заштита на здравјето. Оттаму, секој вид помош за граѓаните во време на пандемија не може и не смее да се толкува како поткуп, односно да се користи во политички и предизборни цели, потенцираше премиерот Спасовски.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела