Македонија
1. August 2016 - 16:20

Обдукцијата во тек - Телата пронајдени на Бистра биле се рапаѓале најмалку 10 дена

Телата во распаѓање пронајдени на Бистра се на 78-годишниот Љубомир Мицевски и неговиот 50 годишен син Сашо кои исчезнаа на 14 јули. Ова го покажуваат првичните анализи од обдукцијата. Од Судска медицина велат дека биле мртви најмалку 10 дена  пред да бидат пронајдени. На телото на синот пронашле и повреди од животно, но тие настанале откако веќе бил мртов. Станува збор за ненасилна смрт, иако на вештаците им се потребни и нови  анализи за утврдување на причината.

- Има повреди и кај едниот и другиот, но тие повреди не укажуваат дека се нападнати. Инаку официјално тие се уште не се идентификувани, кај нас не дошол никој. Кога ќе ги имаме нашите резултати ќе ги спроедиме со тие од истражните органи и тогаш најверојатно ќе правиме и ДНК анализа, вели Александар Станков од Судска Медицина.

По паѓање во провалија поради повредите повозрасниот маж не можел да се движи. Дали смртта кај него настапила непосредно по падот треба да покажат дополнителните анализи од Судска медицина. Од обвинителството велат дека не можат да коментираат ништо додека не ги добијат резултатите од обдукцијата.

- Не може да дефинираме ништо конкретно иако имаме сознанија како дошло до смртта, Но тоа после анализите, вели Станков

Таткото и синот престојувале во семејна викендичка во Лазарополе. Излегле на прошетка и од 14 јули им се губи секаква трага. Мобилните телефони им биле испразнети поради што биле недостапни.

Тимовите за потрага во среда го најдоа телото на таткото а а два дена подоцна и на синот кој бил само на 50 метри оддалеченост од шумската патека.